Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра

Објавено на 3 октомври, 2023 во 09:25

Утрото свежо, претпладне во југоисточните делови со умерена облачност, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец, информираат од УХМР.

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Денес ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието, наместа со брзина и над 50 км/час.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.