Променливо облачно и студено време со сончеви периоди

Објавено на 13 декември, 2022 во 09:21

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локален дожд, а на планините и на повисоките места врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Под влијание на нов влажен бран утре и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.