Променливо облачно, попладне дожд и снег
Објавено: 4 март, 2022, во 09:25 часот
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места само од снег.
Од денес следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. За време на викендов врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.


