Променливо облачно, попладне повремени врнежи од дожд

Времето денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Утре ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.
