Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Објавено на 17 март, 2022 во 09:42

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Поради заладување утре претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, претежно во јужните делови.

Потоа следува период на постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.