Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Објавено на 5 април, 2022 во 09:34

Времето денеска променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во текот на утрешниот ден не очекува сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален дожд.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
