Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег

Објавено на 7 март, 2022 во 09:32

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, слаби во централните делови од земјата и на југоистокот претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец.

Во следните денови ќе се задржи умерено до значително облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег.

Од вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието до повремено засилен претежно северен ветер. Температурите ќе се задржат пониски, а од среда ќе бидат и значително под просекот за овој период од годината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.