Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Објавено: 1 април, 2022, во 09:33 часот
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.
Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.


