Променливо облачно со ветер
Објавено на 23 февруари, 2022 во 09:27
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.
Утре и во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утре се уште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека во сабота полека облачноста ќе се зголемува. Нов влажен бран од запад нашата територија ќе ја зафати во текот на ноќта сабота кон недела и во недела и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег.
Mинималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.