Променливо облачно, студено и со најава за снег
Објавено: 28 февруари, 2022, во 09:21 часот
Времето денеска променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од слаб снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
И утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Од среда ќе преовладува стабилно и суво време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.


