Променливо облачно време со максимални 30 степени

Објавено на 27 јули, 2023 во 08:23

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните и северните делови ќе има и локален дожд. Од УХМР информираат дека во текот на денот, насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната од 20 до 30 степени. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови, на повеќе места со брзина над 60 километри на час.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец.

До недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.