Променливо облачно време со слаби врнежи од дожд

Објавено на 5 април, 2023 во 09:39

Променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места од слаб снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

И утре времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.

Очекуваните врнежи од дожд во текот попладневните часови и за време на ноќта ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава. Доколку локално бидат процесите поинтензивни можни се локални излевања кај суводолиците и помалите реки, како и локални проблеми кај дел од градските населени места.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.