Пронајдени две безживотни тела со повреди во Куманово

Објавено на 17 август, 2021 во 13:46

Денеска во 8:20 часот во Сектор за внатрешни работи Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од село Табановце, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.