Протест на здравствените работници пред МЗ
Претставници на синдикатите за здравство утрово се на состанок кај министерот за здравство на која, според нивните информации, ќе се разговара за анексот на колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите за исплата на плати.
Советот на Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјална заштита за денеска најави протест пред Министерството за здравство.
-Часот во кој се организира протестот претставува симболика на тоа дека по целиот наш труд и аргументиран пристап кон Министерството за здравство како социјален партнер во изминатите шест месеци, веќе е време да се реализира самото потпишување на анексот за изменување и дополнување на колективниот договор за здравствената дејност, велат од ССМ.
Ако не се исполнат нивните барања, се најавува и генерален штрајк во јавното здравство.
Дума.мк