Радев слета во Скопје, заедно со Пендаровски ќе патуваат за Рим
Објавено на 26 мај, 2021 во 12:58
Претседателот Стево Пендаровски, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што со државниот авион на Република Бугарија македонскиот и бугарскиот претседател заминуваат на заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим.
Скопје, по што ќе заминат на заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј. Утре Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј. Двете делегации е планирано да имаат и одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско.