Санкции за 100 возачи со затемнети стакла на автомобилите
Објавено на 21 јуни, 2021 во 16:35
Министерството за внатрешни работи продолжи со санкционирање на возачите кои затемнети фолии на стаклата.
Од таму информираат дека во периодот од 14.06 до 20.06.2021 во акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија, санкционирани се 100 учесници во сообраќајот.
„Од нив 99 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата“, велат од полицијата.