Се намалува потрошувачката на тутун во светот
Глобалната потрошувачка на тутун е намалена во една генерација и сега пуши секој петти човек споредено со секој трети во 2000 година, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Ова се случи и покрај тоа што тутунската индустрија се обидува да влијае на глобалните здравствени политики во своја полза, истакна СЗО.
Според глобалниот извештај, 1,25 милијарди луѓе на возраст над 15 години користеле тутун во 2022 година, што е повеќе од 1,36 милијарди во 2000 година.
Употребата на тутун дополнително ќе се намали до 2030 година на околу 1,2 милијарди луѓе како што расте светската популација, покажуваат истражувањата.
Региони со најголем број пушачи се Југоисточна Азија и Европа со околу една четвртина од населението, наведува СЗО.
Во помал број земји, пушењето сè уште е во пораст, вклучувајќи ги Египет, Јордан и Индонезија, според истражувањето.
Извештајот, кој се објавува на секои две години, дава и прелиминарни податоци за распространетоста на електронските цигари. СЗО ги повика владите да спроведат контролни мерки за е-цигарите, како и за тутунските производи.
Според СЗО, најмалку 362 милиони возрасни луѓе во светот користат електронски цигари, а можеби и повеќе затоа што нема доволно податоци за тоа.
Дума.мк