Се шири снимка од украински војник пред руската инвазија: „Мамо и тато, ве сакам“ (Видео)

Објавено на 24 февруари, 2022 во 13:54

Русија започна инвазија на Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна и потврда на најголемите стравови на Западот. Руски проектили ги зафатија украинските градови. Украина тврди дека колони војници ја минуваат границата во источните региони Чернихив, Харков и Луганск и дека слетале на бреговите на градовите Одеса и Мариупол на југ.

Жителите на вториот по големина украински град Харков, најблискиот поголем град до украинската граница, велат дека експлозиите ги тресат прозорците на нивните станови, а во градот владее паника.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Владимир Путин сака да ја уништи неговата земја и рече дека ќе обезбеди оружје за сите доброволци. Од друга страна, Путин му порача на Западот дека доколку интервенира во овој конфликт, ќе трпи последици кои историјата не ги памети.

На социјалните мрежи се прошири видеото на еден украински војник во моментот на рускиот напад. Тој беше снимен како вели:  Мамо, тато, ве сакам …

https://www.youtube.com/watch?v=6xfrBqNNp4s
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.