Се урна американски борбен авион, избувна голем пожар (видео)

Објавено на 20 октомври, 2022 во 10:56

Американски борбен авион Ф-35 се урна во Јута, недалеку од воздухопловната база Хил.

Пилотот на авионот Ф-35, кој се урна околу 18:15 часот по локално време, го преживеал падот и бил пренесен во болница, но не се знае неговата состојба.

Авионот се урнал недалеку од пистата во базата, при што пилотот се катапултирал пред падот. Причините за несреќата се уште не се познати, јавуваат американските медиуми.

Полковникот Крег Ендри, командант на 388-та борбен ескадрила, изјави дека авионот се враќал од рутинска обука пред да се урне.

По падот на авионот, избувнал пожар, кој се проширил на околу четири хектари, соопшти пожарникарската служба на Јута.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.