Се влошува епидемиолошката состојба во Словенија
Објавено на 26 октомври, 2021 во 09:43
Во Словенија поради влошување на епидемиолошката состојба интензивирана е контролата на патници во јавниот превоз, а се размислува и за воведување на дополнителни мерки, иако засега не се најавуваат од Владата.
Во изминатите 24 часа потврдени се 707 новозаболени лица, што е речиси двојно повеќе од пред седум дена. За еден ден регистрирани се 11 смртни случаи.
Во Словенија од септември на работа можат да одат само лицата кои имаат потврда дека се вакцинирани или прележале, а ковид пропусниците се бараат и во јавниот превоз, за влез во трговските центри и слично.
Владата засега не најавува нови мерки, но истакнува дека вакцинацијата е најсигурна заштита. Само 53 отсто од населението е вакцинирано против Ковид-19.