Силен земјотрес утрово ја погоди Грција
Објавено на 21 јули, 2021 во 11:13
Грција утрово беше погодена од силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Според грчките медиуми, земјотресот бил регистриран на неколку километри од Ираклион во општина Крит.
Според Геодинамичкиот институт, земјотресот е лоциран на длабочина од 13,6 километри, додека епицентарот бил на 20 километри од Ираклион, пренесува порталот LiFo.
За потсетување, Грција во вторникот беше погодена од земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала.