Синдикалната кошничка за јули изнесува 65.328 денари и за 680 денари зголемена е од јуни

Објавено: 21 јули, 2025, во 15:55 часот

Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули, годинава, изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

„Од  податоците на синдикалната минимална кошница  евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20 проценти,  додека кај храната и пијалаците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25 проценти“, наведува ССМ.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март кошницата изнесува 80.703 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалаци, за 63-те производи за јули 2025 изнесува 23.682 денари и споредено со јуни кога изнесуваше 23 167 денари зголемена е за 515 денари.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.