Синдикалната минимална кошница за јануари изнесува 57.163 денари
Синдикалната минимална кошница за јануари изнесува 57.163 денари. Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024-та година изнесува 57.163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56.522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.
Но, доколку просечното четиричлено семејство живее во изнајмен стан од 60 квадрати, тогаш кошницата е со тежина од 72.538 денари, споредено со декември 2023-та година кога изнесуваше 71.972 денара.
Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21.007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4.803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и одржување хигиена во домот 1.797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1.115 денари или 2 отсто, на транспорт 4.759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2.709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4.205 денари или 7,4 проценти, на образование 7.022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3.733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.
Инаку, од минатиот месец ССМ ги прави пресметките според новата методологија за утврдување на минималната синдикална кошница. Сега во структурата се содржани 11 ставки. Како што најавија синдикалците, тоа ќе биде основата врз која ќе се залагаат за повисоки плати на вработените.
Дума.мк