Сите мислеле дека спие, патник починал за време на лет од Истанбул до Хамбург

Објавено на 2 ноември, 2021 во 12:09

Екипажот на патнички авион, кој летал од Истанбул за Хамбург, при слетувањето видел дека еден патник е починат.

Откако сите патници го напуштиле авионот по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на своето место, па екипажот, според весникот „Велт“, дури тогаш забележал дека тој е починат.

Ова се случило на 25 октомври, но дури сега стигна во јавноста. Станува збор за 51-годишен патник, кој сам се качил во авион во Истанбул, и седнал на неговото место во авионот.

Според медиумите, тој имал неколку хронични болести, а бил заразен и од коронавирусот.

– Патувал сам, и седел покрај прозорецот. „Веројатно ја навалил главата на прозорецот и ги затворил очите, поради што сите мислеле дека спие“, соопшти полицијата.

Починатиот патник имал акутна инфекција со коронавирус. Поради овој факт, германските власти иницираа следење на контактите на патникот.

Прашање е како патникот заразен со корона може да се качи во авионот. Имено, во моментов, за патување од ризични земји, вклучително и Турција, за влез во Германија, лицето мора да има потврда за вакцинација, потврда за ковид-19 или негативен тест.

Тој иако заразен можел да се качи во авионот со потврда за вакцинација, бидејќи на повеќето аеродроми не е планирано мерење на температурата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.