Следува период на топло време со дневни температри над 30 степени

Објавено на 28 јуни, 2022 во 09:13

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.

Следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Денес во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање, а во четврток и петок на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.