Снег во Македонија: Пообилни врнежи во западните и во јужните предели

Објавено: 20 јануари, 2026, во 08:57 часот

„Под влијание на циклонска активност  и на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент, ноќта вторник кон среда и во среда на 21 јануари, во Македонија, од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат обилни со снег. Снег особено ќе паѓа во јужните и во западните предели каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка додека на високите и на планинските места зголемување на висината.

Во западните и во јужните предели на државата, во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје  и околината, со овој бран, ќе има врнежи со слаб до умерен интензитет и тие ќе бидат од дожд и од снег или влажен снег а во околните повисоки места и на планините врнежите ќе бидат само од снег. И во Скопје  и околината повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Температурите во среда наутро ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени. Во Скопје утрото температурата ќе се спушти до окоу -3 степени а преку денот ќе се искачи до околу 3 степени.

Поради очекуваните врнежи од снег апелирам на внимателно возење, особено доколку се дижите низ планинските превои каде поради ниските температури очекувам појава на голомразица,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.