Со „Синовак“ ќе продолжи имунизација, Филипче очекува колективен имунитет до крајот на летото

Објавено на 23 јуни, 2021 во 09:35

До крајот на неделава се очекува да пристигнат 500 илјади вакцини од кинескиот производител Синовак, со што ќе се овозможи масовна вакцинација на населението.

-Во моментов процесот на вакцинација е со намалено темпо, сепак претстојниот викенд во земјава се очекува да пристигнат 500 илјади дози на Синовак како и 100.000 дози на вакцината Фајзер преку Ковакс механизмот. Веќе е направен планот како ќе се распределат согласно бројот на пријавени граѓани по градови, вели министерот Венко Филипче.

Последните најави на министерот за здравство се дека долго очекуваните кинески вакцини наскоро ќе пристигнат, со што бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава ќе достигне околу 600 илјади.

-Мислам дека до крајот на летото, голема бројка на граѓани ќе бидат вакцинирани. Во овој момент се вакцинирани нешто под 300.000 граѓани, со оваа следна количина што доаѓа уште 300.000 граѓани, тоа се 50% од вкупната популација која што планираме да се вакцинира. Тука се исклучени децата, изјави Филипч.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.