Соборени два украински авиони СУ-24: Украинските сили ги напуштаат позициите во Донбас
Објавено на 24 февруари, 2022 во 10:19
Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас.
Шефот на руската држава истакна дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.
Народната милиција на Народна Република Луганск соопшти дека соборила два украински авиони Су-24 во близина на градовите Смелоје и Степовоје.
Народната милиција на Луганската Народна Република објави дека ја презела контролата врз градот Шастје и станицата Луганск.
Претходно властите на ЛНР објавија дека започнале воена операција за ослободување на „привремено окупираните територии“, дека на мета се само воени објекти и дека ништо не им се заканува на цивилите.