Сончево и многу топло, попладне дожд

Објавено на 6 јуни, 2025 во 10:17

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 36 степени.

Како што информира УХМР, под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела времето ќе биде многу топло. Изолирана појава на нестабилност ќе има и в сабота.

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.