Сончево и многу топло, попладне пороен дожд

Објавено на 4 јули, 2022 во 09:16

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. УВ индексот ќе изнесува 8.

До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер.

Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.