Сончево и топло, од утре дожд

Објавено на 16 септември, 2022 во 09:13

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд. УВ индексот ќе изнесува 7.

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и денес времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Кон крајот на денот утре ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури, а од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.