Сончево и топло, попладне на повеќе места нестабилно со дожд и грмежи

Објавено на 4 јули, 2023 во 09:30

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно и облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20, а максималната од 24 до 36 степени Целсиусови.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.