Сончево и топло со максимална температура до 36 степени
Објавено на 11 јули, 2023 во 08:45

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 21, а максималната од 26 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува девет. Од УХМР информираат дека денеска ќе биде натпросечно топло и ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.
УХМР информираат дека следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.
Дума.мк
