Сончево и топло време

Објавено на 21 јуни, 2022 во 09:22

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 9.

Утре и во четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме.

Од петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.