Сончево и топло време со максимална температура до 33 степени

Објавено на 20 јуни, 2023 во 09:25

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само утре и во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.