Сончево и топло време со температури до 34 степени

Објавено на 3 јули, 2023 во 09:25

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната од 24 до 34 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе изнесува осум.

До утре до пладневните часови ќе се задржи претежно стабилно. Утре попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.