Сончево време, од утре топол бран со температури над 40 степени
Објавено на 20 јули, 2022 во 09:12
Времето денеска сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
ТОПОЛ БРАН
Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени.