Сончево време со мала до умерена облачност
Објавено на 6 јули, 2023 во 09:32

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната од 23 до 34 степени Целсиусови. УВ-индексот ќе изнесува осум.
Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.
Дума.мк
