Сончево време со мала до умерена облачност

Објавено на 18 февруари, 2022 во 09:25

Времето денеска, наутро вдолж Повардарието умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала облачност.

Од недела облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува и засилен северен ветер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.