Сончево време со умерена облачност
Објавено на 16 декември, 2022 во 09:21

Претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во крајните западни делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.
Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите.
