Сообраќајот се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип-Радовиш, од 17:00 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена брзина од 30 до 60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат.
Виадукт Трејд известува дека на ден 24.08.2021 година (вторник) во период од 10:00 до 16:00 часот, ќе важи времена измена на режимот на сообраќај, во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница (од браната).
Од 01.07.2021 започнати се викенд забраните за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје. Повеќе информации околу забраните може да најдете на сајтот подолу, во делот за состојба на патишта.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.