Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

Објавено на 16 декември, 2022 во 09:25

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.