Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Објавено на 18 април, 2022 во 09:45

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – м.в. Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40к.м/ч. поради изведување на градежни работи на пат (крпење на ударни дупки).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.