Сообраќајот се одвива по влажни коловози, појава на магла има на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка

Објавено на 17 декември, 2021 во 09:30

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри има на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.