Советот за македонски јазик при Владата: Склучувањето договори со ЕУ е на македонски јазик без објаснувања, додавки или фусноти

Објавено на 22 јули, 2022 во 10:57

Склучувањето договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската Унија што содржат јазична одредба со наведување на сите официјални јазици на ЕУ, каков што е Договорот за соработка со Фронтекс, се врши со именување на македонскиот јазик без какви и да е објаснувања, додавки или фусноти.

Република Северна Македонија никогаш нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во Преговарачката рамка, соопштија од Советот за македонски јазик при Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.