Спасовски: Во 2022 запленети над 2,4 тони дрога со вредност од 6 милиони евра
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека 2022 е успешна година во борбата против недозволена трговија со дрога. Тој информира дека запленети се вкупно над 2,4 тони дрога која би достигнала вкупна вредност од 6 милиони евра на црниот пазар.
-Во најголема количина е запленета марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, хашиш. Сузбиени се 12 организирани криминални групи составени од 51 член. Откриени се над 700 кривични дела, за кои се пријавени над 800 сторители. Тука се и заплените на 20 тони најразлични прекурсори, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога. Вредна за споменување е заплената од 1 тон прекурсори на скопскиот аеродром од кои би можело да се произведе амфетамин во вредност од над 50 милиони евра. Воедно, во делот на недозволена трговија со дрога, во 2022 го имавме и најголемото уништување на запленета дрога досега, вкупно уништени 10 тони дрога. Продолжуваме со несмален интензитет и во 2023, порача Спасовски во својата објава.
Дума.мк