Спасовски запали свеќа, по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот

Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски се приклучува кон иницијативата на Европската еврејска заедница по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот. Тој запали свеќа за жртвите од немилосрдион чин кои биле убиени поради тоа што се.
-Оние кои не учат од историјата се осудени да ги повторуваат грешките. Затоа денеска, како ден за паметење, за учење од минатото кое ќе нѐ одржи будни и претпазливи за да не ни се повтори злото, со длабока почит се приклучувам на иницијативата на Европската еврејска заедница по повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.
Со палење на оваа меморијална свеќа во работните простории во Кабинетот на Министерството за внатрешни работи, оддавам почит на сите оние што беа убиени само поради тоа што се. Но нејзиниот пламен нека го осветли минатото за да нѐ потсети на најголемата трагедија на човековото постоење, на оние кои претрпеа геноцид, но и во чест на преживеаните чии животи беа променети до непрепознатливост. Да застанеме цврсто против предрасудите и омразата во светот денес, порача министерот.
Под мотото Спомен, достинство и правда“, се изразува грижа за права на евреите, за враќање на нивното културно наследство и традиции и на нивното достоинство.
27 јануари е прогласен за Меѓународен ден на холокаустот од страна на ООН, како датум на кој пред 77 години беше ослободен нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц. Под годинешното мото „Спомен, достинство и правда“, целта е преку заштита на историските записи, сеќавањата на жртвите и спротивставување на обидите за искривување на историјата, како критични аспекти на барањето правда за жртвите на холокаустот, да ја изразиме заеднички нашата грижа за нивните права, за враќање на нивното културно наследство и традиции и на нивното достоинство. Но, ќе потсети и на улогата што ја имаат институциите и поединците во поддршката на преживеаните, за долгогодишното влијание на холокаустот врз обликувањето на политиките за човековите права и слободи, за борба против антисемитизмот и расизмот, за глобална акција против говорот на омраз, напиша на Фејсбук, Спасовски.
