Стабилно време со ниски температури, од петок врнежи од дожд

Објавено на 1 декември, 2021 во 09:26

Утрото студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -10 до -2 степена. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.