САД: Трет и последен изборен ТВ дуел на Обама и Ромни!

Објавено на 23 октомври, 2012 во 21:48

Наредното соочување на кандидатите за Претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама и Мит Ромини, ќе се случи на денот на изборите на 6 ноември, годинава. Во синоќешниот, трет и последен ТВ-дуел пред гласањето Обама и Ромни се надмудруваа за надворешната политика. Тие се фокусираа на Блискиот Исток, Европа беше спомната само еднаш а Балканот не беше воопшто спомнат во деведест минутната дебата во Флорида. 
Обама истакна што добро направил, а Ромни – што би направил подобро. Претседателот рече дека САД и сојузниците интензивно работеле на мирот и демократијата на Блискиот Исток ,без употреба на копнени сили што САД помалку ја чинеле две недели во војната во Ирак, како и дека ја ослободиле Либија од 40-годишно диктаторство. За него  беа „погрешни“ ставовите на Ромни за надворешната политика.

Ромини возврати дека со критика не се запира насилството во регионот.

Тој рече дека, светот е „четири години поблиску до нуклеарен Иран“, мислејќи на првиот мандат на Обама.

Решението „најстроги, најефикасни санкции воопшто против властите во Техеран“ за Обама беше состојба со која може да се пофали пред граѓаните, гледачи на ТВ дуелот.

Ромни го нападна предлог-армискиот буџет на Обама, на што Претседателот саркастично одговори дека неговиот противник не разбирал како функционира армијата.  
Во анализите на аналитичарите, кандидатите за Претседател на САД, беа отценети дека синоќа на моменти се одалечувале од фактите.
Анкетите во САД, на две недели пред изборите, покажале дека кандидатите за Претседател водат мртва трка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.