Моторциклите на словенечки Томос, се селат на исток!
Tомос моторциклите, своевремено многу популарно превозно сретство, ги произведуваше словенечката фабрика во Kопар. Со најдобро производство во регионот, Томос, ги освои пазарите во поедини делови од светот. На пример во Холандија се продаваа повеќе од 10.000 моторцикли.
Глобализацијата неповолно се одрази врз работата на оваа фабрика која максимално ги намали сите трошоци а производството го сели на исток, објави 24.ur. „Нашата конкуренција од западна Европа уште пред неколку години се одлучи на овој чекор. Актуелната економска состојба не примора истото да го направиме и ние“, рече генералниот директор на Томос, Матјаж Кандуч.
Производството на Томос од исток ќе треба да се шири низ светот а последните 60 работници во Копар и понатаму сметаат дека никој не ќе може да направи квалитетни моторцикли какви што тие произведуваат.
Управата на фабриката соопшти дека преостанатите работници ќе бидат распоредени на други работни места и во колку се случи некој да остане на улица ќе добие добра опремнина.